• понеделник, 23 декември 2024

Европските берзи на деветмесечен максимум

Европските берзи на деветмесечен максимум
Лондон, 25 ноември 2020 (МИА) - Акциите на европските берзи денеска паднаа незначително, но остануваат околу деветмесечниот максимум, поттикнати од најавите за постепено олеснување на ограничувањата за коронавирусот и растечките надежи на инвеститорите дека економската активност наскоро ќе се нормализира. Паневропскиот индекс СТОКС 600 се лизна за 0,1 процент при тргувањето во 9:30 часот по средноевропско време, но сепак е на највисоко ниво во последните девет месеци Индексот на берзата во Франкфурт, ДАКС, исто така падна за 0,1 процент, италијанските акции потонаа за 0,2 проценти, додека францускиот индекс КАК 40 остана стабилен. Британскиот индекс ФТСЕ 250, кој ги следи цените на акциите на компаниите со средна капитализација, тргна надолу откако висок претставник на ЕУ изјави дека Европската комисија не може да гарантира за трговскиот договор со Велика Британија по нејзиното излегување од Унијата и дека наредните денови ќе бидат клучни во тој поглед. паг/  

Остани поврзан