• четврток, 19 декември 2024

Европската куќа во Крива Паланка ги прослави автентичноста и иновативноста на младите

Европската куќа во Крива Паланка ги прослави автентичноста и иновативноста на младите

Крива Паланка, 12 август 2023 (МИА) - Меѓународниот ден на младите, 12 август , Европската куќа во Крива Паланка го прослави преку креативни, автентични и иновативни активности на младите под мотото „Скејт бран: ослободување на скриените потенцијали".

- Оваа година посебен фокус ставаме на алтернативните видови на младинска суб-култура како: скејтерство, локалните уметници кои промовираат алтернативни музички правци и улична уметност,сликање мурали. Целта е секоја група млади да добие еднаква можност нивните вештини да бидат видени, а нивниот глас слушнат, како и да имаат еднаков пристап кон придонесот во креирање младинско општество. Активностите се реализираа на повеќе катчиња низ градот, во урбаниот скејт парк и на локацијата спроти градскиот парк, информираат од Европската куќа во Крива Паланка.

Во урабаниот скејт парк млади скејтери од Крива Паланка, Куманово и Скопје имаа можност да ги покажат своите вештини и да ги промовираат вредностите на оваа култура.

- На оваа локација присуствуваа и бројни млади што сакаат да се  запознаат со основите на скејтерство како спорт, култура и начин на живот, а пеформансите беа проследени со музичка точка на локален ди - џеј , Дип Синдром (Deep Syndrome). И тој ги претстави  вештините во оваа област пред младите. На катчето за мурал кај т.е Карчова кривина, посетителите уживаа во магијата на уметноста на младиот муралист Дејвид Стоилковски а.к.а Молерај од Куманово и се придружијс во креирањето на муралот, додаваат од Европската куќа.

Настаните беа од неформален карактер и отворени за пошироката публика со цел запознавање со овие култури и вмрежување. ид/цр

Фото: Europe house Kriva Palanka 

 

 


 

Остани поврзан