• среда, 08 мај 2024

Европратеникот Илхан Ќучук во посетата на Општина Чаир

Европратеникот Илхан Ќучук во посетата на Општина Чаир

Скопје, 9 септември 2022 (МИА) Европратеникот Илхан Ќучук денеска ја посети Општина Чаир, при што реализираше средба со градоначалникот Висар Ганиу.

-Европратеникот од Бугарија Илхан Ќучук не почести со денешната посета на Општина Чаир.  За нас оваа посета претставува силна поддршка од Европскиот парламент, изјави по средбата градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Тој рече дека го информирал Ќучук за Општина Чаир, за минатите проекти, за оние што ги реализира и за идните планови.

-Нагласив и дека соработките и посетите како што е денешната, се најдобриот можен начин да се оди напред заедно и пред се да се подобри благосостојбата на граѓаните, рече Ганиу.

Градоначалникот Ганиу заедно со европратеникот Ќучук учествуваа и на изложбата што беше организирана во ОУ „Исмаил Ќемали“, каде што учениците од ова училиште и од ООУ „Бела Благоева“ од Велико Трново, Бугарија се претставија со своите уметнички дела во Чаир.

-На овој настан им честитав на децата за соработката што ја започнаа пред неколку месеци во Бугарија, а денес ја продолжуваат во Чаир и ги охрабрив да продолжат во оваа насока бидејќи само со размена на меѓусебни искуства и заедно можат да ги достигнат врвовите на образовните успеси, изјави Ганиу. ир/дма/

Остани поврзан