• сабота, 23 ноември 2024

Европол: Откриена „подземна“ банка преку која наркобанда испрала 180 милиони евра

Европол: Откриена „подземна“ банка преку која наркобанда испрала 180 милиони евра

Брисел, 14 април 2023 (МИА) - Европол соопшти дека во заедничка акција со белгиската и шпанската полиција откриен е сложен и професионален систем за перење пари преку поморските и воздушните пристаништа во ЕУ. Преку „подземната“ банка  криминалците успеале да исперат  180 милиони евра добиени  од  илегална трговија со кокаин.

Криминалната група ја сочинувале марокански, шпански и белгиски државјани, а биле активни во Белгија, Холандија, Шпанија, Јужна Америка и Дубаи.

Во акцијата спроведена во  март уапсени се пет лица  во Белгија, еден во Шпанија, запленети се 1,2 милиони евра во криптовалути, одземени се три недвиќни имоти, како и 50.000 евра во кеш, еден луксузен автомобил, 23 мобилни телефони и накит.

Истрагата почнала во октомври 2021 година, по анализата на дешифрирани пораки, за голема група која шверцувала големи количества кокаин од различни јужноамерикански пристаништа до неколку поморски и воздушни пристаништа во Европа.

- Криминалната група успеа да увезе неколку тони кокаин и да го продаде за огромен профит. Користејќи професионален и флексибилен пристап, вклучувајќи методи како што е употребата на тајни компании, криминалците успеаја да ги избегнуваат властите со месеци, се наведува во соопштението на Европол. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан