• четврток, 21 ноември 2024

Европол: Во акција на полициите и царините на 18 земји запленети над 14 милиони фалсификувани евра

Европол: Во акција на полициите и царините на 18 земји запленети над 14 милиони фалсификувани евра

Хаг, 28 октомври 2024 (МИА) - Припадници на полициски сили од 18 земји заплениле повеќе од 14 милиони евра во операцијата DECOJ, во координирана акција на Европол со полициите на Шпанија, Португалија и Австрија, соопшти денеска Европол.

Заедничката акција на царината и полицијата е спроведена во рамки на акцијата ЕМПАКТ, чија цел е борба против дистрибуцијата на фалсификувани банкноти и метални пари преку поштенските услуги низ Европа, се наведува во соопштението на Европол.

Меѓу земјите кои учествуваа во операцијата беа припадници на полицијата и царината на Австрија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Турција и Обединетото Кралство.

Во оперативната фаза беа запленети вкупно 174 пакети со фалсификувани пари, а потоа беа отворени 144 нови полициски истраги за одговорните криминални мрежи.

Запленети се вкупно 148.130 фалсификувани валути, од кои 134.949 банкноти и монети евра, банкноти од 9.186 британски фунти и банкноти од 3.595 американски долари.

Најмногу од лажните банкноти биле 50 евра, потоа 20 евра, се наведува во соопштението на Европол.

Како што се додава, успехот на операцијата ДЕКОЈ е постигнат благодарение на блиската соработка на царинските и полициските агенции. Ваквата соработка обезбедила фалсификуваните пари да бидат пресретнати на клучните влезни точки, а опсежните истраги биле почнати за да се откријат организираните криминални групи кои ја организирале операцијата, соопшти Европол. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан