• понеделник, 23 декември 2024

Европа - прв регион во светот со 500.000 починати од Ковид-19

Европа - прв регион во светот со 500.000 починати од Ковид-19
Лондон, 22 декември 2020 (МИА) - Европа е првиот регион во светот, во кој бројот на починати од Ковид-19 надмина 500.000, во момент кога новиот вид на коронавирус, откриен во Велика Британија, се заканува да ги осуети мерките за сузбивање на пандемијата. Според евиденцијата на некои западни медиуми, Европа потврдила околу 30 отсто од смртните случаи во светот. Бројот на починати од коронавирус на Стариот континент драстично се зголеми во претходните месеци. Откако првиот смртен случај беше регистриран во февруари во Франција, поминаа осум месеци додека бројот на починати во Европа достигна 250.000, а за само 60 дена се зголеми на 500.000. Франција, Шпанија, Италија, Велика Британија и Русија регистрираа стотици илјади починати пациенти од Ковид-19 и во тие земји се 60 отсто од сите смртни случаи во Европа. Во светот моментно се заразени 77,52 милиони луѓе, а починале 1.710.000 лица од последици на коронавирусот. гт/

Остани поврзан