• недела, 22 декември 2024

Европарламентот усвои Извештај со кој бара укинување на ветото при гласањето за проширување на ЕУ

Европарламентот усвои Извештај со кој бара укинување на ветото при гласањето за проширување на ЕУ

Стразбур, 29 февруари 2024 (МИА) - Европскиот Парламент денеска усвои извештај во кој се залага за поширока примена на гласањето со квалификувано мнозинство во процесот на проширување на Европската Унија.

Извештајот за продлабочување на интеграцијата во ЕУ со поглед на идното проширување беше усвоен со 305 гласа „за“, 157 „против“ и 71 воздржан.

„Европските институционални реформи треба да ја зголемат способноста на ЕУ да дејствува и да вклучат поедноставени и поефикасни процедури за донесување одлуки, оддалечувајќи се од едногласното одлучување“, се наведува во Извештајот.

Европратениците во извештајот посочуваат дека „гласањето со квалификувано мнозинство треба да се спроведе во области како што се заштитата на демократијата, човековите права и владеењето на правото, финансиската рамка, санкциите и другите релевантни надворешнополитички одлуки, како што е почетокот на преговорите за Пристапување во ЕУ, отворање и затворање на поединечни преговарачки кластери и санкционирање на неуспеси, со исклучок на одлуките со кои се овластуваат воени мисии или операции со извршен мандат“.

Исто така, се додава дека е важно земјите кандидати да се усогласат со заедничката надворешна политика на ЕУ. ссм/

фото: пиксабеј

 

Остани поврзан