Евролигата ги одреди новите термини за одложените натпревари
- Кошаркарската Евролига денеска ги објави новите термини за одигрувањето на одложените дуели меѓу Партизан – Дубаи и Макаби – Хаполе Тел Авов.
Минхен, 6 март 2026 (МИА) – Кошаркарската Евролига денеска ги објави новите термини за одигрувањето на одложените дуели меѓу Партизан – Дубаи и Макаби – Хаполе Тел Авов.
Одложениот натпревар од 30 коло од Евролигата меѓу кошаркарите на Партизан и Дубаи ќе се игра на 17 март.
Натпреварот ќе се игра во белградската Арена со почеток во 20:00 часот.
Натпреварот првично беше закажан да се одржи на 5 март, но беше одложен поради воената состојба на Блискиот Исток.
Од истите причини беше одложен и дуелот меѓу Макаби и Хапоел Тел Авив што ќе се одигра на 12 април од 20:15 часот по средноевропско време.ег
ФОТО: ЕПА