• сабота, 23 ноември 2024

Еврокомесарката Шуица го повика хрватскиот Сабор да расправа за намалување на старосната граница за гласање

Еврокомесарката Шуица го повика хрватскиот Сабор да расправа за намалување на старосната граница за гласање

Загреб, 26 јануари 2024 (МИА) - Потпретседателката на Европската комисија, Дубравка Шуица, денеска го повика хрватскиот Парламентот во следниот состав да расправа и за намалување на старосната граница за гласање, пред европските избори, на кои во пет земји ќе гласаат лица помлади од 18 години.

На 78. седница на Комисијата за европски прашања на Саборот, Шуица го презентираше планот за работа на Европската комисија за 2024 година, кој се разликува од претходните бидејќи е последна година од работата на сегашниот состав на тоа тело, со оглед на тоа дека европските избори се одржуваат во јуни.

По првпат во пет земји-членки на ЕУ на изборите ќе можат да гласаат млади од 16 и 17 години, соопшти еврокомесарката за демографија и демократија, нагласувајќи дека лично е горда на тоа, бидејќи за време на Конференцијата за иднината на Европа, иницијатива која ги вклучи граѓаните во процесот на одлучување во Европската унија слушајќи ги нивните предлози, вложила многу напор за да се слушне гласот на младите и гласањето на оние под 18 години.

Шуица рече дека оваа година Комисијата најмногу ќе се занимава со завршување на претходно започнатите иницијативи и отворање на патот за новиот состав на Европската Комисија. Таа ја издвои работата на климатската неутралност на континентот, подобри услови за развој и регулирање на вештачката интелигенција, иницијативи за економски раст и демографски предизвици кои се клучни за решавање за ЕУ ​​да остане конкурентна на глобално ниво. ссм/

фото: архива

Остани поврзан