• вторник, 23 јули 2024

Евертон го претрпе првиот пораз оваа сезона

Евертон го претрпе првиот пораз оваа сезона
Саутемптон, 25 октомври 2020 (МИА) – Тимот на Евертон денес загуби од Саутемптон со 2:0 во натпреварот од 6. коло на Премиер лигата. Головите за домаќините ги постигнаа Џејмс Вард-Проус и Чи Адамс. Поразот за „карамелите“ е првиот во сезоната 2020/21 од Премиер лигата. Евертон и покрај поразот е лидер во поредокот со 13 бода. Саутемптон благодарение на победата се искачи на 5. место, со 10 освоени бодови. зс/

Остани поврзан