• петок, 22 ноември 2024

Евалуација на проектите од „Програмата за зачувување на природата во Македонија“ реализирани во Делчево

Евалуација на проектите од „Програмата за зачувување на природата во Македонија“ реализирани во Делчево

Делчево, 1 март 2024 (МИА) - Општина Делчево беше домаќин на тим од евалуатори за спроведените проекти од „Програмата за зачувување на природата во Македонија“. На состанокот, градоначалникот Горан Трајковски го потенцираше значењето на реализираните проекти кои се во насока на зачувување на животната средина и промоција на туризмот.

-Општина Делчево имплементираше и беше дел од поголем број проектите кои ги спроведе Програмата во регионот. Дел од проектите кои беа имплементирани во рамки на Програмата се: „Oдржливо управување со природните ресурси во микро регионот Пијанец-Малеш“, замена на дел од уличното јавно осветлување со ЛЕД- диодни светилки и осветлување на терените во ОУ „Ванчо Прке“, Обуки за вработените за туризам и животна средина, „Натура 2000“, Изработка на просторен план, Заштита на три подрчја во Општина Делчево, истакна Трајковски.

Од проектите реализирани  во рамки на Програмата во останатите општини на средбата беа потенцирани изградбата на Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, Информативен туристички центар на Осогово и други проекти од интерес за локалната заедница.

Од страна на граѓанските организциии во соработка со Општина Делчево беше изградена пешачката патека покрај реката Брегалница во централното градско подрачје во Делчево и беа поставени шест колекторски системи за топла вода во ОУ „Ванчо Прке“ во Делчево.

Програмата за зачувување на природата во земјава е имплементирана со финансиски средства од Швајцарската конфедерација. вс/мд/


Фото: МИА

Остани поврзан