• понеделник, 23 декември 2024

Евакуиран сопругот на Камала Харис по пријава за бомба во средно училиште

Евакуиран сопругот на Камала Харис по пријава за бомба во средно училиште
Вашингтон, 9 февруари 2022 (МИА) - Поради пријава за бомба агенти на американската тајна служба го евакуираа сопругот на потпретседателката на САД, Камала Харис, од средно училиште во Вашингтон. Покрај Даглас Емхоф, училиштето мораа да го напуштат и сите ученици и вработените. Во САД февруари се одбележува како месец на Афроамериканската историја (Black History Month). По тој повод, сопругот на Харис, го посети средното училиште Данбар, прва институција од таков карактер во САД, која ја посетувале Афроамериканци. Портпаролката на Емхоф изјави дека училиштето, заканата ја пријавило во американската тајна служба, која ги штити највисоките политички функционери во САД, но и нивните семејства. Потоа Емхоф е пренесен на безбедна локација. - Мислам дека сите се безбедни. Зградата е сигурна, но немаме конкретни детали во овој момент, изјави портпаролот на училишните власти во областа на Колумбија. Повеќе закани од бомби беа пријавени минатата недела, на најмалку десетина историски колеџи и универзитети, на кои студирале Афроамериканци, принудувајќи ги институциите да ја откажат наставата. Ова предизвика и страв кај Афроамериканските заедници. Ниту на една локација не е пронајден експлозив, а овие закани ги истражува Федералното истражно биро. бд/ми/
 

Остани поврзан