• понеделник, 23 декември 2024

ЕБРД со нова поддршка на зелените инвестиции во Северна Македонија

ЕБРД со нова поддршка на зелените инвестиции во Северна Македонија

Скопје, 19 декември 2023

 

Кредит од ЕУР 3 милион за Шпаркасе лизинг за поддршка на зеленото финансирање за локалните МСП

ЕБОР одобри ЕУР 3 милиони кредит за Шпаркасе Лизинг. Ова е најнов кредит од ГФФ Програмата за зелено финансирање во Северна Македонија

Поддршка од Развојната Програма на Обединетите Нации (UNDP), Заедничкиот фонд за одржливи и развојни цели на Обединетите Нации (UN SDG FUND) и Владата на Северна Македонија.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го подобрува пристапот до зелени технологии за малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија преку обезбедување на нови средства за локалната лизинг компанија Шпаркасе Лизинг.

Шпаркасе Лизинг, подружница на долгогодишниот клиент на ЕБОР Шпаркасе банка Македонија, ќе го користи кредитот од ЕУР 3 милиони, одобрен од ЕБОР, за поддршка на инвестиции во МСП во обновлива енергија и енергетска ефикасност.

Шпаркасе Лизинг, основана во 2009 година, ќе биде првата лизинг компанија која ќе се приклучи на Програмата за зелено финансирање (Green Finance Facility -GFF). Таа ќе биде првата компанија во Северна Македонија која нуди поддршка за изнајмување на фотоволтаични системи и опрема за производство на енергија од обновливи извори и веќе придонесува во развој на зелени проекти во земјата.

Програмата за зелено финансирање ГФФ веќе започна да привлекува пазарен интерес, бидејќи ова е трет кредит под програмата, кој е лансиран во земјата пред само неколку месеци. Кредитот ќе биде поддржан со фондови за техничка соработка и грантови од Заедничкиот фонд за одржли-ви и развојни цели (UN SDG Fund), и Владата на Северна Македонија, управувани преку Развојната Програма на Обединетите Нации (UNDP).

Пакетот техничка соработка, вклучува споделување на знаења и  компоненти на подигнување на свеста за позитивните аспекти од користење на обновливите извори на енергија и технологиите на енергетска ефикасност кај МСП, со цел да се поддржи зелената и инклузивната економска транзиција на приватниот сектор во Северна Македонија. Локалните бизниси ќе добијат финансиска поддршка во форма на грантови, за да се стимулираат инвестициите кои ќе ја подобрат транзицијата кон зелена економија.

Оваа заедничка програма ќе им обезбеди на МСП и на неопслужените групи на поединци и домаќинства на пазарот подобар пристап до зеленото финансирање, инвестиции во обновливи извори на енергија и решенија за енергетска ефикасност, кои за возврат, ќе придонесат во намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот во земјата.

ЕБОР е водечки институционален инвеститор во Северна Македонија, и до денес има инвестирано околу ЕУР 2,7 милијарди во скоро 180 проекти.

 
Соопштение за јавност на ЕБОР

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан