• понеделник, 23 декември 2024

Душарм: Објавувањето на статистиката на финансиските сметки е големо достигнување на Народната банка

Душарм: Објавувањето на статистиката на финансиските сметки е големо достигнување на Народната банка
Скопје, 29 декември 2020 (МИА) - Директорот на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Луј Марк Душарм упати честитки до тимот на Народната банка за првото објавување на статистиката на финансиските сметки. - Објавувањето на статистиката на финансиските сметки претставува големо достигнување за кое е потребен голем напор и посветеност при прибирањето и дисеминацијата на податоците. Ова достигнување е едно од многуте во процесот на пристапување кон највисокиот стандард за дисеминација на ММФ, СДДС плус. Само 25 земји го имаат прифатено овој стандард. Затоа, само продолжете со добрата работа, вели Душарм. 

Во обраќањето Душарм истакнува дека монетарната и финансиската статистика ги даваат потребните информации за носењето и следењето на политиките на финансискиот сектор и оти улогата на централните банки станува уште поважна и посложена.

- Со постојаната револуција на податоците и сѐ посложениот финансиски систем, се зголеми и потребата од повеќе грануларни податоци, а нашата улога како некој што подготвува податоци и статистика стана уште поважна и посложена. Покрај нашата традиционална улога на обезбедување навремени, точни и веродостојни податоци за анализа и носење политики, ние имаме улога и на кредибилен советник за корисниците и за овој нов свет, каде што изворите на податоци се зголемуваат со голема брзина, посочува меѓу другото директорот во ММФ во обраќањето. бак/сп/

Остани поврзан