ДУИ со реакција до тетовскиот градоначалник Касами за книгите на Кадаре
- СООПШТЕНИЕ - Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и големо негодување поради најновиот скандал што го оптоварува актуелниот градоначалник на Општина Тетово, г-дин Билал Касами. Како што објави реномираниот албански издавач, г-дин Бујар Худри од издавачката куќа „Онуфри“ во Тетово, книгите од големиот автор на албанската литература, Исмаил Кадаре, се дистрибуирани и продавани без авторски права, што е неприфатлив и осудлив чин и морално и правно.
Скопје, 27 мај 2025
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и големо негодување поради најновиот скандал што го оптоварува актуелниот градоначалник на Општина Тетово, г-дин Билал Касами. Како што објави реномираниот албански издавач, г-дин Бујар Худри од издавачката куќа „Онуфри“ во Тетово, книгите од големиот автор на албанската литература, Исмаил Кадаре, се дистрибуирани и продавани без авторски права, што е неприфатлив и осудлив чин и морално и правно.
Иронично, истиот г-дин Касами, кој јавно го прогласи Исмаил Кадаре за „почесен граѓанин“ на Тетово, сега е вмешан во скандал каде што личностата на Кадаре е искористена за политичка и материјална добивка преку нелегална дистрибуција на неговите дела.
Штетата е тројна:
1.Непочитување на авторските права, што сериозно ги нарушува моралот и законот.
2. Измама врз граѓаните на Тетово, на кои им се нудат книги без правна вредност и со сомнително потекло.
3. Навреда на ликот на Исмаил Кадаре, национален симбол на албанската култура, искористена за недостоинствена политичка пропаганда.
ДУИ бара надлежните институции веднаш да интервенираат и да го истражуват овој случај, додека јавното мислење заслужува целосна транспарентност и конкретна одговорност од градоначалникот Касами и Општина Тетово.
Културата и личностите како Кадаре не можат да се користат како стока за политичка манипулација и нема да дозволиме името на Тетово да се оцрнува на овој начин.
Гласот на законот, културата и одговорноста мора да преовлада.
Демократска унија за интеграција
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки