• понеделник, 23 декември 2024

ДУИ од Тетово : Зелена агенда е план за иднината на Тетово

ДУИ од Тетово : Зелена агенда е план за иднината на Тетово
Тетово, 14 октомври 2021 (МИА) - Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва во Тетово одржа централен митинг на кој беа претставени кандидатката за градоначалник Теута Арифи и листата со советници предводена од Блерим Османи како носител. Актуелната градоначалничка која се бори за трет мандат рече дека за овие осум години од град со егзистенционални проблеми стана  место каде се направени многу работи. - Направивме булевар таму каде што го немаше, систем на јавни услуги таму каде што ги немаше, ги реконструиравме сите училишта и градинки, и се ова го направивме заедно. Продолжуваме понатаму во наредните четири години, имаме обврска да работиме заедно, ние од една агенда за слобода поминуваме на една зелена агенда, ова е голема војна, војна со нашиот менталитет, војна за промени, голема војна за фондови за да се постигне таа агенда, рече Арифи.   Таа истакна дека зелената агенда е план за иднината на градот, кој подразбира проект за гасификација, проект за канализација како и проект за театар. -Ќе има отворена врата како кај мајка, која сака се најдобро за своите сограѓани, мајка на градот кој работи за најдоброто. Има дилеми и други мислења, често, граѓаните ми велат можеш да направиш уште повеќе. Може да се направи уште повеќе, и јас се согласувам со нив, ние постигнавме овие граѓани со право да бараат уште повеќе, да имаат право за повеќе, за поквалитетен живот, потенцира Арифи. Носителот на листата Блерим Османи рече дека ветуваат урбан и чист град со зеленило. - Од генерација на генерација се приклучуваат на нашата партија која има за цел локален развој, интегрирање. Тоа што некои го имаа како сон, како јазикот, знамето, инуверзитети, држвни институции, овие достигнувања ги гледаме на државно и локално ниво. Со вашиот глас ќе може да ја реализираме и зелената агенда, во секоја населба во секој дом, оваа победа што не чека немаше да биде можна без работата на штабовите, од штабовите по населбите до центаралниот штаб, рече Османи. И раководството на партијата побара поддршка за Теута Арифи и листата со советници. - Да видите вие што може ние како влада да направиме за Тетово. Нема проект што ни го испратила Теута што не сме го реализирале, училишта, канализација, водоснабдување, патишта, градинки, нема да има работа што ќе ја побара Тетово а да не биде реализирано од оваа Влада, рече Артан Груби. Али Ахмети, претседателот на ДУИ рече дека има две поглавја во животот, еден Охридскиот договор, а вториот е зелената агенда.   - Првото поглавје го направив со многу соработници, тоа е неповтроливо поглавје, за мене и за сите што ја направивме таа историја. Второво поглавје сака студии, сака луѓе, а тоа ние го имаме како на централно така и на локално ниво. Кој подобро може да го материјализира, оваа агенда, овде во Тетово. Теута има искуство, во наредните четрир години да ја реализира овааа агенда. Сите ние стоиме позади Теута да излезе со бел образ, на ова ново поглавје за историја која ја пишува ДУИ, истакна лидерот на ДУИ. ас/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан