• понеделник, 23 декември 2024

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Скопје, 14 ноември 2024

Демократската унија за интеграција го осудува вознемирувачкото продолжување на менталитетот за партизирање на независните институции од страна на коалициските партнери во власта без етнички легитимитет. 

Кандидатите за членови на Советот на Агенцијата за медиуми Нафије Селмани и Афрона Верзиволи на вчерашната расправа во собраниската комисија за избори и именувања ги излажаа пратениците, граѓаните и медиумите. 

Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се членови на политичките партии во коалицијата Влен, беа кандидати за пратеници, општински советници, учествуваа на состаноци на партиски тела и беа предложени за функции од истите партии. 

Срамно е, бескрупулозно, да се лаже целота јавност без око да им трепне. 

Со каков кредибилитет ќе ги извршувате своите должности кога универзално лажете и го прекршувате законот за време на вашиот избор?  

Партизацијата на советот на обвинители од Вреди продолжува и во агенцијата за медиуми. 

Пратениците се пред тест, дали регулаторните и независните државни органи ќе бидат партизирани или ќе го штитат кредибилитетот на институциите и на собранието со спроведување на законот.

Демократска унија за интеграција

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан