• понеделник, 23 декември 2024

ДУИ: Албанскиот јазик на полициските униформи - одраз на принципот на рамноправност

ДУИ: Албанскиот јазик на полициските униформи - одраз на принципот на рамноправност
Скопје, 17 март 2022 Демократската Унија за Интеграција смета дека усвојувањето на Уредбатаод страна на Владата со која се официјализира употребата на албанскиотјазик во полициските униформи е од големо значење.Демократската Унија за Интеграција смета дека со оваа одлука со која сеовозможува полициските униформи да се и на албански јазик, е исполнетауште една обврска која произлегува од Охридскиот Рамковен Договор и којае во согласност со Законот за употреба на албанскиот јазик донесен одстрана на Собранието на Република Северна Македонија.Оваа владина уредба е уште еден чекор кон исполнување на законскатаобврска, но и за зголемување на довербата меѓу полицијата и граѓаните,бидејќи оваа доверба ќе има уште поголемо влијание врз лојалноста награѓаните и општествена кохезија и создавање и изградба  надемократските институции во државата.Демократската Унија за Интеграција констатира дека е успешно завршенауште една задача согласно Уставот и Законот, што е одраз напринципиелното спроведување на начелата на еднаквост како гаранција занапредокот на нашата земја за еднакво општество чија цел е интеграцијатана земјата во големото европско семејство.Демократската Унија за Интеграција _________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан