• четврток, 04 декември 2025

Државен натпревар по прва помош во Гостивар

Државен натпревар по прва помош во Гостивар

Скопје, 20 септември 2025 (МИА) - Државен натпревар по прва помош ќе се одржи денеска на градскиот плоштад во Гостивар, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Учество на натпреварот ќе земат екипи на млади волонтери од сите општински организации на Црвениот крст од земјава, кои ќе ги демонстрираат своите знаења и вештини за укажување прва помош при симулирани сценарија на повреди, со цел унапредување на практичните способности и подигање на јавната свест за значењето на брзата и правилна интервенција во случаи на несреќи.

На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, министерот за здравство, Азир Алиу и градоначалникот на општина Гостивар, Валбон Лимани
како и претставници на институции, хуманитарни организации и граѓани. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан