• среда, 18 декември 2024

Дрејмонд Грин: Сè уште го сакам Дурант

Дрејмонд Грин: Сè уште го сакам Дурант
Сан Франциско, 24 април 2020 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин изрази надеж дека ќе може да воспостави односи со Кевин Дурант. -Јас сè уште го сакам Кевин. Можеби тој не е пријателски настроен кон мене, но јас ќе бидам на негова страна до крајот на животот, рече Грин. Дурант и Грин имаа јавна расправија по судирот со Клиперси во сезоната 2018/19. На крајот на сезоната, Дурант го напушти Голден Стејт. зс/

Остани поврзан