• четврток, 14 ноември 2024

Драмското студио Тетово вчера ја изведе монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“

Драмското студио Тетово вчера ја изведе монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“

Тетово, 12 март 2023  (МИА) - Монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ ја смееше тетовската публика речиси два часа, а монологот на актерката Наташа Петровска често пати беше проследен со аплауз. Публиката најмногу се смееше кога Иконија раскажуваше за нејзиниот интимен живот како во Тетово така и во Брисел. Актерката Наташа Петровска 13 години е дел од Драмското студио и за прв пат изведува монодрама.

-Среќна сум затоа што кога ја видов публикава колку се смее, толку уште поголема желба ми се створи брилијантно да ја изглумим. Не е едноставна работа, месеци поминати во читање и сценски настапи. Многу е убав аплаузот кога ќе го добиеш од пубиката на крај, знаеш дека навистина е завршена една убава работа.  Многу им треба на тетовци барем некој да ги насмее да им даде волја да можат да продолжат понатаму и покрај сите проблеми. Публиката најмногу реагираше кога Иконија, Ика раскажуваше за нејзиниот интимен живот во гдините поминати во јавната куќа, изјави Наташа Петровска.

Режисерот Игор Бачоски истакна дека долгиот аплуаз на крајот од претставата кажува дека екипата направила одлична работа.

-Ова е прв да ми се случува да имам трема, а да не сум на сцена. Камен ми падна од мене. Пресреќен сум за прекрасната тетовска публика која десет минути аплаудираше на крајот на претставата. Тоа се кажува за тие два и пол месеци што ја работевме претставата дека вроди со плод. Нате беше брилијантна. Текстот е доста изменет од 1992 година, многу нови и модерни приказни. Многу подолго траеше, скоро два часа претства, додека 45 минути траеше монодрамата во 1992 година. Јас сум пресреќен што повотнро го оживеавме овој текст и повторно на сцената во Тетово, истакна Бачоски.

Монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ е напишана од тетовскиот писател Јован Дамјановски во 1990 година.  Прв била изведена во 1992 година од Гордана Георгидијадис, а во режија на Миодраг Николиќ-Панта (1942-2022). ас/вг/

 фото МИА 

Остани поврзан