• вторник, 05 ноември 2024

ДПС нема да го поддржи Румен Радев за втор претседателски мандат  

ДПС нема да го поддржи Румен Радев за втор претседателски мандат  
Софија, 11 септември 2021 (МИА) - Парламентарната партија Движење за права и слободи нема да го поддржи Румен Радев на претстојните претседателски избори во Бугарија, изјави пратеникот од партијата Јордан Цонев во емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија. Според дописникот на МИА во Софија, причина за одлуката бил дијалогот меѓу претседателот Радев и лидерот на ДПС Мустафа Карадај за време на консултациите за формирање влада, кога Радев го прашал Карадај која е неговата татковина. Нападите се случија по обвинувањата против привремениот министер за економија Кирил Петков дека има канадско државјанство и дека не треба да ја извршува таа функција. „Поради оваа изјава ќе има последици. Како што придонесовме Румен Радев да стане претседател во 2016 година, така и сега ќе придонесеме да не стане повторно. Нема да го поддржиме на изборите", рече Цонев. Претседателските избори во Бугарија треба да се одржат на 14 ноември. Се уште нема одлука дали тие ќе бидат заедно со предвремените парламентарни избори во земјата. нк/паг/  

Тагови

Остани поврзан