До 30 ноември продолжен рокот за аплицирање за мерката за набавка на ѓубрива
- До 30 ноември 2022 година продолжува рокот за аплицирање за мерката за набавка на вештачки ѓубрива за есенската сеидба, одлучи Владата.

Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - До 30 ноември 2022 година продолжува рокот за аплицирање за мерката за набавка на вештачки ѓубрива за есенската сеидба, одлучи Владата.
Одлуката е донесена на денешната седница, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, според најавата од Министерството, по завршувањето на аплицирањето, а најдоцна до крајот на годината, ќе треба да направи исплата кон земјоделците по оваа мерка. мч/лв/