• недела, 19 мај 2024

До 21 часот до ДИК поднесени 82 приговора, заврши рокот за приговори за постапката на гласање

До 21 часот до ДИК поднесени 82 приговора, заврши рокот за приговори за постапката на гласање
Скопје, 17 јули 2020 (МИА) – Вкупно 82 приговора се поднесени до 21 часот вечерва, информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Вечерва во 21 часот заврши рокот за поднесување приговори за постапката на гласање, а продолжува да тече до утре до 19 и 30 часот рокот за приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од предвремените Парламентарни избори. Најголем број од приговорите, 74, се од Алијанса за Албанците, еден е од Глас за Македонија, додека два се од ВМРО-ДПМНЕ. ДИК не прецизира на што се однесуваат приговорите од Алијанса за Албанците, но оние од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се за сумирање на резултатите. Претходно, во текот на денот, до ДИК пристигнаа пет приговори и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето. До 21 часот вечерва можеа да се поднесуваат приговори за постапката на гласање, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите приговори може да се доставуваат до утре, до 19 часот и 30 минути. Роковите за приговори почнаа да течат синоќа, кога беа објавени неофицијалните конечни резултати. По завршување на роковите за поднесување приговори, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува.мч/скс/

Остани поврзан