• петок, 22 ноември 2024

До 17 часот во Центар Жупа гласале 41,7 отсто од вкупно запишаните гласачи

До 17 часот во Центар Жупа гласале 41,7 отсто од вкупно запишаните гласачи
Дебар, 20 август 2022 (МИА) - Во општина Центар Жупа на денешните повторени избори за градоначалник, обезбеден е потребниот цензус од една третина од вкупно запишаните лица во еднствениот избрачки список. - До 17 часот на гласање излегле 2984 лица или 41,7 отсто од 7.154 колку што изнесува вкупното гласачко тело. Потребниот цензус беше 2852 гласачи. Во гласачкото ливче денеска имавме само еден кандидат предложен од политичка партија, рече Неџип Илјаз претседател на ОИК. На локалните избори на 17 октомври минатата година до 17 часот излезноста беше 23,11 отсто од вкупно запишаните 7.317 лица со право на глас, додека на априлските избори 27,98 отсто од вкупно запишаните 7.077 гласачи. Овој пат излезноста ја зголеми присуството на печалбарите, кои традиционално летните одмори ги минуваат во родниот крај. вт/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан