• петок, 05 декември 2025

До 13 часот во Прилеп гласале 21,69, а во Крушево 33,88 проценти

До 13 часот во Прилеп гласале 21,69, а во Крушево 33,88 проценти

Прилеп, 19 октомври 2025 (МИА) - Во Прилеп и во општините во регионот изборниот процес се одвива непречено и без проблеми. До 13 часот во Прилеп одзивот на гласачите е 21, 69 проценти, а во Крушево 33,88 проценти од запишаните граѓани со право на глас.

Според општинските изборни комисии, нема никакви проблеми ниту во процесот на гласање во Долнени и Кривогаштани. До 13 часот во Долнени гласале 22,1 проценти од гласачите, а во Кривогаштани 26,1 процент. ем/фф/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан