• петок, 20 декември 2024

До 11 часот гласале 24,89 отсто од евидентираните гласачи во Општина Пробиштип

До 11 часот гласале 24,89 отсто од евидентираните гласачи во Општина Пробиштип

Штип, 8 мај 2024 (МИА) - Со најголем процент на излезност на гласачките места е Општина Пробиштип,  каде до 11 часот гласале 24,89 отсто од евидентираните гласачи. Претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев истакна дека до нив нема пристигнато поплаки или приговори од страна на избирачите или членовите на 74 избирачки одбори.

Во Општина Карбинци се гласа мирно, а МИА беше во селото Радање, каде што право на глас имаат 386 гласачи. Во ова село со децении заеднички живеат Македонци и Турци. Осумдесет и осумгодишната Љуба Ангелова вели дека со своите соседи се почитуваат. За Велигден ја посетиле, а таа пак за Бајрам била на баклава.

-Ништо не ни фали, имаме, улици, водовод и канализација. Со ниту еден соседн се немаме скарано. Така и нека биде, вели Ангелова.

Во источниот регион процентот на излезност во 11 часот за претседателските е скоро идентичен со процентот на излезност за парламентарните избори.

Граѓаните кои гласаа упатија јасна порака дека секој достоинствено  треба да го искористи своето гласачко право. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан