• понеделник, 26 август 2024

До темел изгоре плевна полна со сено и слама во кичевското село Мамудовци

До темел изгоре плевна полна со сено и слама во кичевското село Мамудовци
Кичево, 21 февруари 2022 (МИА) - Во кичевското село Мамудовци синоќа во 3:15 часот избувна пожар во плевна полна со 1.200 бали сено и слама. И покрај напорите што ги вложија вработените од ТППЕ Кичево, сепак опожарената плевна изгоре до темел, при што е причинета материјална штета поголема од 10.000 евра. -Во 3:15 часот во ТППЕ Кичево пристигна дојава за пожар во село Мамудовци. Две наши екипи со полни цистерни се упатија на местото на пожарот. На самото место можевме да забележиме дека огнената стихија е во напредната фаза и зафатила околу 1.200 бали сено и слама, како и покривната конструкција на плевната, на која во пожарот беа уништени над 3.000 ќерамиди, рече Јордан Милошески заменик-командир на ТППЕ Кичево. Тој посочи дека пожарникарите морале да останат цели шест часа крај опожарената плевна, за целосно да го изгаснат огнот. -Огнената стихија се повеќе се интензивираше, а за да го изгасиме пожарот и да спречиме негово ширење на соседните куќи и плевни, крај огнената стихија останавме до 9:00 часот утринава, до кога успеавме огнот целосно да го ликвидираме и да спречиме негово реактивирање, појасни Милошески. При гасењето, нагласи, беа истурени околу 26 тони вода што само по себе зборува за обемот и силината на пожарот. за/вј/

Остани поврзан