• сабота, 07 септември 2024

До лето 60 проценти од светското население ќе се стекне со имунитет на Ковид-19

До лето 60 проценти од светското население ќе се стекне со имунитет на Ковид-19
Москва, 8 февруари 2021 (МИА) - Според пресметките на имунолозите до лето 60 отсто од жителите на Земјата ќе се стекнат со имунитет на Ковид-19, што ќе овозможи во август да се вратиме на нормалниот живот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека имунитетот ќе биде стекнат по природен и по вештачки пат. Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 во светот инфицирани се околу 105,8 милиони луѓе и регистрирани се околу 2,3 милиони смртни случаи. ми/

Остани поврзан