• вторник, 16 јули 2024

До крајот на месецов продолжен рокот за конкурирање за наградата „Мост“ на ДПМ

До крајот на месецов продолжен рокот за конкурирање за наградата „Мост“ на ДПМ

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - До крајот на јули 2024 е продолжен рокот за доставување дела за наградата „Мост“ што ја доделува  Друштвото на писателите на Македонија, одлучил на седница неговиот Управен одбор. 

Наградата „Мост“ се доделува за дело објавено двојазично, на изворниот јазик и на македонски јазик, или за дело што е објавено на некој од јазиците на националностите и е делумно преведено на македонски јазик за потребите на конкурсот.

Како што соопшти ДПМ, за наградата „Мост“ може да конкурираат прозни дела, збирки поезија, книги за деца и млади, како и книги со книжевна критика и есеистика.

-За учество на конкурсот, потребно е да бидат преведени на македонски јазик најмалку 20 страници од делото (за прозни дела), најмалку 10 песни (за дела напишани во стихови), или најмалку 25 проценти од книгата (за книги за деца и млади). Преводите треба да се смисловни целини (расказ, поглавје, есеј), да бидат од различни делови/циклуси (доколку делото е поделено на делови/циклуси) и да бидат редактирани на македонски јазик, наведува Друштвото и додава дека за оваа награда може да конкурираат активните членови на ДПМ, т.е. оние што ги имаат подмирено членарините во ДПМ за 2023 и 2024 година.

ДПМ информира и дека има право да ги објави пристигнатите преводи на извадоци од делото во своето гласило и на својата веб-страница. За повеќе информации заинтересираните може да се обратат на: drustvonapisatelimk@gmail.com хс/са/ 

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан