• петок, 12 јули 2024

До крајот на месецов аудиција за детскиот фестивал „Распеано симитче 2020“ - Крива Паланка

До крајот на месецов аудиција за детскиот фестивал „Распеано симитче 2020“ - Крива Паланка

Крива Паланка, 28 октомври 2020 (МИА) – Организаторите на детскиот фестивал  Распеано симитче 2020“ ги повикуваат дечињата на возраст од осум до четиринаесет години да се пријавуваат за аудицијата за учество на годинашното издание. Од Центарот за аудиовизуелни уметности „Каартс“ Крива Паланка информираат дека аудициите ќе траат до 31 октомври, а ќе се одвиваат по електронски пат, согласно мерките за превенција од Ковид-19.

- Сите заинтересирани дечиња,момчиња и девојчиња, на возраст од 8 до 14 години, треба да снимаат нивна вокална изведба на омилена песничка, по сопствен избор и да испратат видео. Видеото треба да се испрати во приватна порака на фејсбук-страницата на Распеано симитче“, најдоцна до 31  месецов, изјави Методи Цветковски, директор на фестивалот.

Годинава во поинакви услови ќе се реализира шестото издание на фестивалот на детска песна „Распеано симтче” поради пандемијата со Ковид-19, кој е во организација на  Центарот за аудиовизуелни уметности, под покровителство на Општина Крива Паланка и Министерство за култура на Северна Македонија.

Фестивалот на детска песна „Распеано симитче” ќе продуцира 10 песни, како видео-продукциски материјал.ид/фф/

Остани поврзан