До крајот на денот многу топло, максималната температура до 41 степен
- До крајот на денот, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.
Скопје, 15 август 2024 (МИА) - До крајот на денот, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.
Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Температурата ќе биде до 40 степени.
- Во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, соопштуваат од УХМР. ир/са/
Фото: МИА архива