• понеделник, 23 декември 2024

Дописник на Би-БИ-Си од Мјанмар се води како исчезнат

Дописник на Би-БИ-Си од Мјанмар се води како исчезнат
Јангон, 19 март 2021 (МИА) - Новинар од Мјанмар на локалниот сервис на Би-Би-Си „се води како исчезнат“, откако денеска беше однесен од неидентификувани лица во главниот град Непјидо, соопшти Би-Би-Си, изразувајќи загриженост за неговата безбедност.
„Многу сме загрижени за нашиот репортер Аунг Тур кого го одведоа неидентификувани лица“, напиша Би-Би-Си на својот официјален профил на Твитер.
Новинарот исчезна во главниот град, а Би-Би-Си прави се што може да открие каде се наоѓа.
„Ги повикуваме властите да ни помогнат да го пронајдеме и да потврдиме дека е добро“, наведува Би-Би-Си.
Во Мјанмар секојдневно се одржуваат демонстрации откако во таа земја беше извршен воен удар на 1 февруари, а шефицата на цивилната влада Аунг Сан Су Су Чи беше симната од власт и уапсена.
Воените власти се се поостри со демонстрантите, а покрај извештаите за убиени демонстранти, хунтата ја насочи репресијата и кон медиумите во Мјанмар, одземајќи им дозволи за работа на пет радио и телевизиски станици, пребарувајќи редакции и апсејќи новинари
Најмалку 30 новинари се уапсени од пучот, од кои 18 се во затвор, според локалната невладина организација, Здружението за помош на политички затвореници. паг/
     

Остани поврзан