• четврток, 18 јули 2024

„Донирај компјутер“ утре ќе одбележи над 3.000 донирани компјутерски машини  

„Донирај компјутер“ утре ќе одбележи над 3.000 донирани компјутерски машини  

Кавадарци, 8 јуни 2024 (МИА) - Над 3.000 донирани компјутерски машини ќе одбележи утре иницијативата „Донирај компјутер“ на Борче Стаменов. 

Како што претходно информираше Стаменов, настанот има и хуманитарен карактер. Изминативе денови, од понеделникот, до утре, во просториите на „Донирај компјутер“ има поставено кутија каде се собираат средства за лекување на малечката Симона во Турција. Секој посетител може да донира паричен износ според можностите, што потоа ќе се уплатат на банкарска сметка.

Работејќи во фирма што се занимава со продажба и изработка на софтвер за книговодствено работење, Стаменов своевремено дошол на идеја сите оние кои имаат стари компјутери, што фаќаат прашина во некој ќош, да ги донираат, тој да ги среди и да ги подари. 

За неговата хумана работа ја имал целосната поддршка од своите претпоставени. Има добиено бројни признанија за оваа иницијатива, којашто веќе ја следат и други волонтери. свд/бд/

Фото: Фејсбук на Борче Стаменов 

Остани поврзан