• петок, 22 ноември 2024

„Донирај компјутер“ донираше компјутери во ОУ „Тошо Велков - Пепето" во Кавадарци 

„Донирај компјутер“ донираше компјутери во ОУ „Тошо Велков - Пепето
Кавадарци, 27 октомври 2022 (МИА) - „Донирај компјутер“, иницијатива на Борче Стаменов, донираше триесетина компјутерски машини за нашиот воспитно - образовен процес, информираа од Основното општинско училиште „Тошо Велков - Пепето“ од Кавадарци.
 - „Донирај компјутер“ на Стаменов продолжува да биде синоним за хуманост, искреност, продолжува да ја исполнува својата мисија, да донира компјутер секаде каде што е потребно за непречено образование. Неговата хуманост на дело ја покажа и во нашето училиште, во кое донира  триесетина компјутери, со што  помогна да се опреми кабинетот по информатика и многу други училници и кабинети. Училиштето  упатува огромна благодарност. Борче Стаменов  е промената која сака да ја види светот, соопштија од училиштето.
Преку „Донирај компјутер“ досега се донирани околу две илјади компјутерски машини. Сега волонтираат околу 40 волонтери.
Работејќи во фирма што се занимава со продажба и изработка на софтвер за книговодствено работење, „Бидат информатика“ од Кавадарци, Стаменов своевремено дошол на идеја сите оние што имаат стари компјутери, што фаќаат прав во некој ќош, да ги донираат, тој да ги среди и да ги подари. За неговата хумана работа ја имал целосната поддршка од своите претпоставени. Има добиено бројни признанија за оваа иницијатива, којашто веќе ја следат и други волонтери. свд/мд/

Остани поврзан