• вторник, 23 јули 2024

Донесени урбанистички планови за неколку населени места во Валандовско

Донесени урбанистички планови за неколку населени места во Валандовско
Гевгелија, 1 март 2022 (МИА) - Советот на Општина Валандово ги донесе урбанистичките планови за неколку населени места со кои ќе се унапреди нивното урбанизирање и ќе се подобри инфраструктурата на заедницата. Советниците дадоа зелено светло за урбанистичките планови на село Брајковци, со плански опфат од 43,99 хектари и на село Грчиште со опфат од 25,95 хектари, села кои за прв пат се урбанизираат, а во фаза на унапредување се постапките за урбанизирање и на селата Калково и Раброво, посочија од надлежната општинска служба. Покрај ова, беше нагласено дека во најбрз рок на усвојување пред советниците ќе се најде и генералниот урбанистички план на градот Валандово. - Годинава продолжуваат инвестициите во самоуправа која инфраструктурно напредува и системски ги подобрува услугите за своите жители во солидарна заедница која оди напред,велат од општина Валандово. им/оџ/

Остани поврзан