• понеделник, 18 ноември 2024

Донација од помошна опрема за Доброволното противпожарно друштво „Саси“ од Македонска Каменица

Донација од помошна опрема за Доброволното противпожарно друштво „Саси“ од Македонска Каменица
Македонска Каменица, 5 август 2022 (МИА) - Доброволното противпожарно друштво „Саси" денеска доби донација од помошна опрема од Јавното претпријатие „Камена Река" од Македонска Каменица. Донацијата се реализира по претходно потпишаниот меморандум помеѓу двете страни. -Денеска, во просториите на ЈП ,,Камена Река", потпишан е меморандум за соработка на кој потпис ставија директорот на претпријатието и претставници на Доброволното противпожарно друштво. Со овој меморандум за соработка е официјализирана соработката помеѓу ЈП „Камена Река" и ДПД „Саси" од Македонска Каменица, со која и двете страни очекуваат плодна и успешна соработка, се вели во информацијата по потпишувањето на Меморандумот. По потпишувањето на Меморандумот, од страна на директорот на претпријатието, Влатко Димитровски беше доделена донација од помошна опрема, за што од ДПД „Саси" упатија огромна благодарност. Нагласија дека помошта е добредојдена на почетокот од функционирањето на друштвото и е уште еден чекор во зацврстувањето на меѓусебната соработка помеѓу Доброволното противпожарно друштво и ЈП „Камена Река”. вс/цр

Остани поврзан