• недела, 22 декември 2024

Донација од британската кралица Елизабета за бегалците од Украина

Донација од британската кралица Елизабета за бегалците од Украина
Лондон, 3 март 2022 (МИА) - Британската кралица Елизабета Втора даде донација за поддршка на луѓето кои бегаат од конфликтот во Украина, соопшти коалицијата на британски хуманитарни организации која упати апел за собирање средства. „Голема благодарност до Нејзиното Височество Кралицата што продолжи да го поддржува Комитетот за итни случаи при катастрофи и за дарежливата донација на хуманитарниот апел за Украина“, објави коалицијата на хуманитарни организации на Твитер. Бакингемската палата соопшти дека тоа е приватна работа и одби да даде какви било детали. паг/  

Остани поврзан