• понеделник, 25 ноември 2024

Донација на душеци за социјално загрозени граѓани во Општина Карпош

Донација на душеци за социјално загрозени граѓани во Општина Карпош
Скопје, 15 март 2021 (МИА) - Акција за донирање на повеќе од 100 душеци на социјално загрозени семејства и граѓани од Општина Карпош, започна локалната самоуправа заедно со компанијата „Comodita home“. Старите душеци од домаќинствата ќе бидат одложени на соодветен начин како кабаст отпад, а паралелно ќе се доделуваат нови душеци - експонати, кои воопшто не биле користени, туку единствено изложени во салоните на компанијата, информираат од Општина Карпош. Доделувањето на душеците ќе биде етапно и започна од населбата Карпош 4. Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев информираше дека Општината ги контактирала социјално загрозените семејства и поединци и го утврдиле интересот за акцијата. - Живееме во период на светска пандемија, на тешка економско-социјална состојба и како локална самоуправа сакаме да помогнеме на граѓаните во ризик. Мило ми е што нашата заложба за хуман и солидарен Карпош е препознаена од приватниот сектор и повторно ја користам приликата да се заблагодарам за покажаната општествена одговорност на „Comodita home“, рече Богоев. Директорот на компанијата Харитон Гаџоски, го поздрави интересот на Општина Карпош за соработка и проактивниот пристап на службите. аа/сп/

Остани поврзан