Донација во Општа болница Кавадарци
- Тимот на јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци денеска изрази благодарност до општествено одговорната компанија ,,Alliance one", за донацијата од два ЕКГ апарата, осум антидекубитални пневматски душеци и два пулсоксиметра.

Кавадарци, 26 март 2025 (МИА) - Тимот на јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци денеска изрази благодарност до општествено одговорната компанија ,,Alliance one", за донацијата од два ЕКГ апарата, осум антидекубитални пневматски душеци и два пулсоксиметра.
- Со оваа донација значително се подобруваат условите за работа во нашата здравствена установа, а на пациентите им се овозможува подобра и поквалитетна здравствена заштита. Нашата здравствена установа уште еднаш покажа дека континуирано ги подобрува здравствени услуги што се резултат на модернизирање на медицинската опрема, соопшти тимот на Општа болница со проширена дејност Кавадарци, преку објава на нивната официјална фејсбук страница. свд/сст/
Фото : Фејсбук на Општа болница Кавадарци