• недела, 22 декември 2024

Доналд Трамп се договори со „Фокс њуз“ за телевизиска дебата со Камала Харис на 4 септември

Доналд Трамп се договори со „Фокс њуз“ за телевизиска дебата со Камала Харис на 4 септември

Вашингтон, 3 август 2024 (МИА) - Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кандидат за претседател на Републиканската партија, се договори со телевизијата „Фокс њуз“ за предизборна телевизиска дебата во нејзиното студио со актуелната потпретседателка на земјата, Камала Харис, негова соперничка за функцијата од страна на Демократската партија.

Трамп ова го соопшти на неговата платформа „Трут соушл“.

„Ако по некоја причина Камала не сака или не може да дебатира на овој датум, се договорив со „Фокс њуз“ да направиме голем настан во градската сала на истиот тој четврти септември“, пишува Трамп во објавата. Централата на „Фокс њуз“ е во Њујорк.

Синоќа Харис ја обезбеди номинацијата на Демократската партија, добивајќи го потребниот број гласови од делегатите на националниот партиски конгрес во онлајн гласање пред форумот. Трамп веќе учествуваше во предизборни телевизиски дебати - со претседателот на САД, Џо Бајден, на 27 јуни во студиото на Си Ен Ен во Атланта, Џорџија. Лошото претставување на Бајден тогаш беше главната причина тој да ја повлече својата кандидатура. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан