• вторник, 03 февруари 2026

ДОМ: Итни мерки против аерозагадувањето, наместо само препораки

ДОМ: Итни мерки против аерозагадувањето, наместо само препораки
Скопје, 26 јануари 2020 Во услови на енормно аерозагадување, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, предложените предупредувања и препораки од градот Скопје не се доволни. Зелената партија ДОМ бара веднаш да се спроведат следните итни мерки: 1. Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети 2. Стопирање на сите градежни активности во градските средини 3. Интензивни инспекциски контроли од страна на државниот и локалните инспекторати за животна средина 4. Забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколници 5. Забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај 6. Бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси 7. Редовно миење на улиците, собирање на сметот и одржување на јавната хигиената. Сектор за односи со јавност на Демократска обнова на Македонија ________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан