• петок, 05 декември 2025

Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме во знак на почит кон загинатите во трагедијата во Кочани

Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме во знак на почит кон загинатите во трагедијата во Кочани

Скопје, 19 март 2025 (МИА) - Градот Перт во Австралија, каде што живее бројна македонска заедница, изрази сочувство за сите загинати и повредени во трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, а 176 се повредени.

По тој повод, Домот на Советот во центарот на градот вечерва по локално време покриен со црвено-жолти македонски бои за да се изрази почит, тага и поддршка за сите жртви, нивните семејства и сите граѓани кои тагуваат поради оваа трагедија. нд/ац/

Фото: Фејсбук Зоран Ќосески 

Остани поврзан