• петок, 22 ноември 2024

Домот на Бред Пит и Џенифер Анистон повторно продаден

Домот на Бред Пит и Џенифер Анистон повторно продаден
Лос Анџелес, 25 август 2020 (МИА) - Некогашниот дом на Бред Пит и Џенифер Анистон е повторно продаден, овојпат за 32,5 милиони долари. Првичната цена била 49 милиони долари, но поради корона-кризата и долгото задржување на пазарот за недвижнини, вредноста на вилата доживеа голем пад. Бред и Џенифер ја купија куќата на почетокот на овој милениум, ја реновираа и, по разводот во 2006 година, ја продадоа. Самата куќа има нешто повеќе од 1.000 квадратни метри. Се чини зданието во елитната населба Беверли Хилс во Лос Анџелес, не изгубило многу од луксузот кој холивудските ѕвезди го внеле. Има пет спални соби, 13 бањи, бар-соба, дневна соба со камин од бел мермер, трпезарија и кујна со црни елементи и црно-бели плочки. Покрај барот, ова се единствените простории во кои белата боја не доминира во декорацијата. Имотот има вкупно 4.857 квадратни метри. На него има и куќа за гости на два ката, отворен базен и тениско игралиште. Целиот имот е украсен во таканаречен калифорниски стил, во комбинација со средоземноморски и шпански стил на украсување.  си/сд/

Остани поврзан