• сабота, 23 ноември 2024

Домашните миленици ќе можат да се изнесат од 22 до 23 часот

Домашните миленици ќе можат да се изнесат од 22 до 23 часот
Скопје, 6 април 2021 (МИА) - Домашните миленичиња (кучиња) сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување, ќе можат да ги изнесуваат надвор во вечерните часови почнувaјќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат. Како што информираат од МВР, овој период е во рамки на  забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија. Рестриктивните ковид мерки – полицискиот час наместо од 22 во наредните две недели ќе почнува од 20 часот, а од утре за гости се затвораат сите угостителски објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците. Од денеска се затвораат и фитнес салите, спортските и салите за вежбање и се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции. цр/лв/

Остани поврзан