• недела, 20 септември 2026

Долниот дом на францускиот парламент одобри дополнителни 36 милијарди евра за армијата

Долниот дом на францускиот парламент одобри дополнителни 36 милијарди евра за армијата

Париз, 19 мај 2026 (МИА) – Пратениците во Долниот дом на францускиот парламент го одобрија доделувањето на дополнителни 36 милијарди евра за потребите на вооружените сили на земјата до 2030 година, како одговор на новонастанатата меѓународна безбедносна ситуација.

Измените во Законот за воено планирање за периодот 2024–2030 година, кои беа иницирани од страна на владата, беа усвоени во прво читање со убедливо мнозинство од 440 гласови „за“ наспроти 122 „против“.

- Овој закон ни овозможува соодветно да одговориме на засилените безбедносни закани во светот - изјави министерката за одбрана Катрин Вотрен по завршувањето на гласањето.

За законските измени „за“ гласаа пратениците од владејачките партии, како и опозициските партии „Национален собир“ и Социјалистичката партија, додека останатите левичарски партии се спротивставија, критикувајќи ги предвидените мерки како „репресивни врз слободите“. Се очекува законскиот текст да биде разгледан во Горниот дом на парламентот (Сенатот) на 2 јуни. ссм/

фото: архива