• недела, 22 декември 2024

Доктор Караџовски позитивен на коронавирусот

Доктор Караџовски позитивен на коронавирусот
Скопје, 3 јануари 2021 (МИА) - Доктор Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести, е позитивен на коронавирусот. Информацијата попладнево ја објави Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека Караџовски се чувствува добро и оти останува во домашна изолација. Во изолација е и неговата сопруга.
- Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство. бак/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан