• понеделник, 23 декември 2024

Додик најави финансиска блокада на Бања Лука

Додик најави финансиска блокада на Бања Лука
Бања Лука, 16 ноември 2020 (МИА) - Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик денеска најави дека сите средства за Градот Бања Лука од републичко ниво ќе бидат стопирани, се додека не се види како ќе се развива политичката ситуација во градот. На вчерашните локални избори за градоначалник на Бања Лука е избран лидерот на Партијата за демократски прогрес (ПДП) Драшко Станивуковиќ, кој ќе го замени Игор Радојчиќ од СНСД. Додик најави дека во Градското собрание на Бања Лука, каде СНСД со коалициските партнери го задржа мнозинството, ниту еден предлог на градоначалникот нема да биде поддржан. - Тој има свои надлежности, го претставува градот, нека се кочопери, нека работи. Тој кажа дека пензионерите и учениците ќе добијат бесплатен градски превоз. Таа одлука веднаш ќе ја поддржиме, но, нека предложи како ќе се финансира, да видиме како ќе го субвенционира градското греење, што со години го финансиравме. Зошто тоа би го правеле, имаме и други општини на кои им е потребна помош, посочи Додик. ми/

Остани поврзан