• сабота, 21 декември 2024

Доделени наградите за најдобрите на Првиот меѓународен натпревар по пијано во Скопје „Пијано клавиш"

Доделени наградите за најдобрите на Првиот меѓународен натпревар по пијано во Скопје „Пијано клавиш

Скопје, 15 декември 2024 (МИА) - Во Салон 19:19 во Скопје, синоќа свечено беа доделени наградите за најдобрите пијанисти на Првиот меѓународен натпревар по пијано во Скопје - „Пијано клавиш" (PIANO KEY International Piano Competiton).

-Наградите беа во седум категории, според возраста на пијанистите, а беа доделени и специјални награди од Австриската и Јапонската амбасада во Скопје, за најдобро изведени дела од австриски, односно јапонски композитори, како и специјална награда од семејството Цанев за најдобро изведена композиција од реномираниот македонски композитор Благој Цанев, информираат денеска организаторите.

Специјалните награди ги доделиле австрискиот амбасадор Мартин Памер, јапонскиот амбасадор Отсука Казуја и претставничката на семејството Цанев, Татјана Цанева. Медаљите за најдобрите по категории ги доделија уметничките директорки на „Пијано клавиш“, проф д-р Ема Попивода и м-р Светлана Димитриевска.

Во натреварот учествувале над 80 пијанисти од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и САД, а за оценувањето било задолжено меѓународно жири составено од еминентни професори и пијанисти: проф. д-р Ема Попивода, м-р Светлана Димитриевска, м-р Колос Цури и м-р Катерина Ќетковиќ Фидановска од Македонија, Драгомир Братиќ од Србија, Данијел Ото од Хрватска и Илинка Манова од САД, со потекло од Македонија.

На свеченоста се одржал и концерт на апсолутните победници според категории, а настап имаше и јапонскиот амбасадор Казуја со изведба на гитара на композицијата „Сакура, сакура“. сст/цр/

фото Меѓународен натпревар по пијано во Скопје - „Пијано клавиш"

 

Остани поврзан