• вторник, 24 декември 2024

Доделени годинешните грантови за самовработување за Тетовско

Доделени годинешните грантови за самовработување за Тетовско

Тетово, 4 јули 2022 (МИА) - Во Центарот за вработување во Тетово министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати денеска ги врачија договорите на дел од одобрените апликанти во регионот кои ќе добијат грантови во рамките на Оперативниот план за вработување.  Грантови во рамки на мерките „Субвенционирање на плати“ и „Вработување и раст на правни субјекти“ добија над 100 апликанти од тетовскиот регион за 2022 година.

Мурати посочи дека интересот за овие мерки е се поголем и дека Агенцијата ќе се потруди согласно Оперативниот план да обезбеди повеќе средства за невработени лица.

-Нашата интенција е 15 илјади невработени да бидат вклучени во сите овие активни мерки кои ги нуди Агенцијата за вработување. Ние не застануваме тука, нашата интенција е наредната 2023 година со тој Оперативен план да бидат вклучени повеќе од 20 илјади. Имајќи предвид дека голем број граѓани се заинтересирани да бидат вклучени очигледно е дека нас ни се потребни уште повеќе средства за Оперативен план и во тој дел да обезбедиме повеќе средства за невработени лица и за во делот на самовработување и во делот субвенционирање на плати и во делот на различни обуки, изјави Мурати.

Претходната година 12 илјади граѓани ги користеа овие мерки и беа вклучени на пазарот на труд, користејќи од пет илјади до 10 илјади евра, за да се почне одреден бизнис.

-Согласно анализите сите тие кои ги користеле овие мерки претходните години веќе се само развиваат, креираат нови работни места што е додадена вредност. Како држава и како Влада се соочуваме со една од најважните одлуки за започнување на преговори со ЕУ, и ако направиме компаративна анализа, тие што членки на ЕУ или ги отвориле преговорите само од фондовите на ЕУ согласно поглавјата кои отвораат, а имаат детални поглавја кои зборуваат за самовработување, за конкуретност за претприемништво. Речиси над 60 отсто од средствата кои се предвидуваат за Оперативен план се кофинансираат од ЕУ. Ако ние имаме 37 милиони евра кои се делат од страна на буџетот и покриваме околу 15 илјади нашите сограѓани за да се вклучат во пазарот на труд, а дополнително и младите луѓе да отворат нови бизниси, може да замислите колку тоа би било ако почнат преговорите со ЕУ, посебно младите кои имаат идеи, изјави министерот Бектеши.

Во Агенцијата како невработени се водат 120 илјади активни баратели на работа од кои 14 илјади во тетовскиот регион. ас/дма/

Остани поврзан